Дома Фудбал ФОТО: Бундес лигата поради Томас Милер доби „ново“ лого

ФОТО: Бундес лигата поради Томас Милер доби „ново“ лого

Германецот Томас Милер вчера се најде во центарот на фудбалската јавност поради стартот над левиот бек на Ајакс, Николас Таљафико.

Милер при еден дуел буквално му ги заби крампоните во тилот на играчот на Ајакс и доби заслужен директен црвен картон.

После овој натпревар видеото од овој старт стана популарно на социјалните мрежи, па започнаа и шеги на сметка на германскиот играч.

Па така се појави и фотографија со „новото“ лого на Бундес лигата.

Како и да е најважно е што фудбалерот на Ајакс не заработи повреда и се добро се заврши.

Ќе потсетиме Ајакс и Баерн во овој натпревар ремизираа 3:3.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…