Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Фотографија за која сите зборуваат: Каде беше Саутгејт по натпреварот?

Фотографија за која сите зборуваат: Каде беше Саутгејт по натпреварот?

Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт не имаше многу причина за задоволство во средата.

Неговиот национален тим беше поразен во полуфиналето на Мундијалот од Хрватска и на тој начин беа срушени многу сонови на англиските навивачи и репрезентативци.

Саутгејт по натпреварот искористи прилика од теренот да ги поздрави илјадниците навивачи на Анлија кои пристигнаа во Москва за да ги следат сите натпревари, а по тоа се искачи на трибините и ја прегрна својата сопруга.

Нивната фотографија на празните трибини на стадионот „Лужники“ брзо се појави на интернет. Тоа сигурно е доказ колку на Саутгејт сето ова време му значеше поддршката од сопругата и е сосема логично дека поради тоа дополнително е тажен што на крајот фудбалот сепак не успеа да го врати дома.

Потсетуваме, Англија има уште еден натпревар и тоа оној за третото место против Белгија во сабота.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Се поклопија резултатите: БиХ ќе игра во нокаут-фаза на СП 2026

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина обезбеди место во нокаут-фазата на Светс…