Дома Фудбал Италија Фонсека најави, 16-годишниот талент утре ќе биде стартер

Фонсека најави, 16-годишниот талент утре ќе биде стартер

Младиот фудбалер на Милан Франческо Камарда има само 16 години, но веќе важи за најголемиот талент во италијанскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој минатата сезона стана најмладиот дебитант во италијанската Серија А, а оваа сезона веќе дебитираше и во Лигата на шампиони.

Камарда тренира со првиот тим на „росонерите“, а тренерот Фонсека најави дека ќе биде во стартниот состав на мечот против Каљари.

„Можам да ви потврдам дека Франческо Камарда против Каљари утре ќе започне од првата минута“, кратко изјави Фонсека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пуштени се во продажба билетите за натпреварот на Вардар со Рига

Македонскиот шампион Вардар ги продолжува настапите на европската сцена со дуел во второто…