Пауло Фонсека се најде среде војна во градот на неговата сопруга, Катерина Остроушко. Поранешниот тренер на Рома и Шахтјор за португалските медиуми раскажа за тешките моменти низ кој поминал.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалецот бил разбуден со бомбардирањето на Киев и во овој момент и тој како и голем број други е заглавен во Украина.




„Утрово се разбудив со пет експлозии во низа. Имавме лет закажано за денес, но сега невозможно е да се замине затоа што аеродромите не функционираат. Ова е најлошиот ден во мојот живот. Сега чекаме и се молиме да имаме среќа, се молиме некоја бомба да не заврши врз нас“, изјави Фонсека.




Фонсека преку социјалните мрежи се заблагодари на поддршката.




„Добив голем број пораки од луѓе во Португалија. Сакам да се заблагодарам за големата грижа за мене и моето семејство. Се надевам се ќе биде во ред и наскоро ќе се видиме“, порача португалскиот стратег.