Дома Топ вести Флик по дебаклот: Обвинете ме мене…

Флик по дебаклот: Обвинете ме мене…

Eкипата на Барселона вчера го претрпе првиот пораз во Ла Лига и тоа беше вистински дебакл од 4:2 против Осасуна.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барселона и покрај поразот ќе остане на лидерската позиција на табелата, меѓутоа овој пораз ги покажа проблемите со кој се соочува тренерот Ханси Флик. Каталонскиот гигант има проблеми со повреди и Флик не може да смета не неколку стандардни фудбалери.

По поразот германскиот стратег ја презема одговорноста на себе.

„Треба да го прифатиме овој пораз, не игравме добро, не бевме на нивото на кое треба да бидеме. Ако барате виновник, обвинете ме мене. Направив грешки, но имам одговорност и да ги заштитам фудбалерите. Некои од нив одиграа премногу минути. Во денешниот натпревар моравме да одмориме некои фудбалери, немавме други опции“, изјави Флик.

Во овој момент на списокот повредени во Барселона има дури осум фудбалери и тоа во главно се фудбалери од почетниот состав. Пред Барселона во вторник е и натпревар во Лигата на шампионите против Јанг Бојс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Руни: Салах е себичен, Слот треба да го исфрли од тимот

ВЕЈН РУНИ изрази сериозна критика кон однесувањето на Мохамед Салах, нарекувајќи го себичн…