Дома Фудбал Останато ФИФА ја одобри употребата на новата офсајд технологија

ФИФА ја одобри употребата на новата офсајд технологија

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја потврди употребата на полуавтоматска офсајд технологија на претстојното Светско првенство во Катар.

По имплементирањето на гол-технологијата и ВАР системот, претстојниот мундијал во Катар ќе биде место за промовирање на полу-автоматскиот офсајд, кој сега беше одобрен од страна на Управниот Одбор на ФИФА.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Натпреварите на Светското првенство во Катар ќе ги снимаат 12 специјализирани камери, подготвени да лоцираат по 29 точки на секој фудбалер на теренот 50 пати во секунда.

Сензорите, сместени во центарот на топката, со фреквенција од 500 херци, ќе пренесуваат податоци 500 пати во секунда.

Технологијата ќе им сигнализира потенцијален офсајд на судиите во ВАР собата, во секое време.Тие потоа ќе ја проверат конкретната ситуација на терен и доколку има потреба ќе реагираат.

Ситуацијата, потврдена како офсајд од судиите на теренот и во ВАР собата, ќе се емитува во 3Д анимација на екраните на стадионите и во директните телевизиски преноси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…