Во текот на вчерашниот ден Португалија со 1:0 го победи Мароко, а после овој натпревар се појавија огромни контроверзии.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Мароканците тврдеа дека главниот судија на натпреварот Марко Гајагер на полувремето го побарал дресот од ѕвездата на Португалија и Реал Мадрид, Кристиано Роналдо.
Ваквите вести стигнаа и до ФИФА која денес излезе во јавноста со демант.
„Во текот на вчерашниот ден медиумите пишуваа дека Г-дин Гајагер го побарал дресот на капитенот на Португалија. Со сигурност можеме да потврдиме дека од наша страна беше контактиран Г-дин Гајагер, па потврдуваме дека тој не направил нешто такво. Сите судии до знаокот на ФИФА имаат инструкции како да се однесуваат, а тој (судијата) се однесуваше според сите правила и прописи“, стои во соопштението на ФИФА.