Дома Фудбал Останато ФИФА се откажа од идејата на Мундијалот во Катар да играат 48 репрезентации

ФИФА се откажа од идејата на Мундијалот во Катар да играат 48 репрезентации

infantino

Светската фудбалска федерација ФИФА денес потврди дека нема Мундијалот во 2022 година нема да има 48 репрезентации.

ФИФА заклучи дека нема доволно време да го припреми Катар за одржување на поголем број натпревари. Федерацијата така се откажа од таа идеја и за некои натпревари да се играат надвор од Катар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ФИФА оваа година во јануари изгласа дека Светското првенство во 2026 година би можело да се организира со 48 репрезентации, а првиот човек на ФИФА Џани Инфатино се обиде тоа да го истурка и за Мундијалот во Катар.

Меѓутоа поради политички и логистички проблеми од страв од тужби ФИФА мораше да се откаже од планот во Катар да гледаме Мундијал со 48 држави.

Турнирот во Катар сепак ќе биде посебен затоа што се игра сред сезона, во ноември и декември.

Во ваков формат со 32 репрезентации Светското првенство се одржува од 1998 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола: Дури и да го исфрлат Сити од Премиер лигата, јас ќе останам

Пеп Гвардиола вчера стави потпис на нов договор со Манчестер Сити и ќе остане на „Етихад“ …