Дома Фудбал Репрезентации ФИФА се огласи за хаосот на мечот Бразил – Аргентина

ФИФА се огласи за хаосот на мечот Бразил – Аргентина

Вчера вечер очите на фудбалската јавност беа вперени кон дербито помеѓу Бразил и Аргентина кое беше прекинато после само седум минути.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Здравствените власти на Бразил го прекинаа натпреварот затоа што четворица фудбалери на гостите кои доаѓале од Премиер лигата морале да бидат во карантин според правилата во оваа земја за влез во државата од Велика Британија.

Аргентинците реагираа зошто ако не смееле не им било кажано порано, тие три дена поминаа во Бразил, а сите добро знаеа од каде доаѓаат сите фудбалери. Зошто се чекал натпреварот?

Сега во јавноста се огласија и од ФИФА.

„Можеме да потврдиме дека судиите го прекинаа мечот Бразил – Аргентина. Наскоро ќе ги добиеме официјалните ставови од сите страни, а потоа ќе излеземе со официјално соопштение“, објавија од ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

(ВИДЕО) Голем гест на Роналдо: Помага на момче од Венецуела кое изгуби сè во земјотресот

Страшниот земјотрес што ја погоди Венецуела кон крајот на јуни и понатаму буди силни емоци…