Дома Фудбал Останато ФИФА го изгуби спорот за спрејот: Двајцата Аргентинци добиваат 100 милиони долари оштета

ФИФА го изгуби спорот за спрејот: Двајцата Аргентинци добиваат 100 милиони долари оштета

Врховниот суд во Бразил ја прогласи Меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА за виновна поради незаконското користење на спрејот кој го користат судиите при оебележувањето на одредени ситуации на теренот.

Револуционерниот пронајдок кој многу ја подобри играта и ја направи повеќе праведна кога во прашање е престапот и „крадењето неколку сантиметри“ би можел да им се „одбие од глава“ на члениците на ФИФА. Имено, Аргентинецот Пабло Силва кој го измисли овој спреј заедно со својот партнер Хаин Алман ќе добие оштета од 100 милиони долари затоа што ФИФА незаконски го користела неговиот патент.

Тој е успешно тестиран уште во 2007 година во аргентинската втора лига, а потоа стана составен дел од фудбалската игра и судиската опрема. Меѓутоа спорно беше што никој не ги испочитува луѓето кои го измислија овој патент. Тие испратија тужба, а врховниот суд во Бразил ја уважи тужбата и ФИФА сега треба да им плати 100 милиони евра.

Освен тоа вмешаните во целиот случај би можеле да сносат големи последици со оглед на тоа дека за ваков вид кршење на законот во Бразил може да се добие од една до четири години затворска казна. Меѓу вмешаните е и првиот човек на ФИФА Џани Инфантино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти: Нашата цел е да играме финале во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анечелоти зборуваше на пресконференција пред утешниот меч с…