Дома Фудбал Останато ФИФА го избра Скалони за најдобар тренер

ФИФА го избра Скалони за најдобар тренер

На гала-церемонијата во Париз,  ФИФА вечерва ги доделува наградите „Бест“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За најдобар тренер беше избран Лионел Скалони, кој победи во конкуренција на Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола.

Скалони ја предводеше Аргентина до светската круна во Катар и заслужено е прогласен за најдобар тренер за изминатата година.

„Благодарам до сите 26 фудбалери кои ми донесоа слава, на претседателот, на Пабло Аимар, другите во стручниот штаб, кои ми се пријатели веќе десетина години. Најубава работа е кога својот народ ќе го направите среќен, уживав на улиците во Буенос Аирес. Сите игравме за аргентинските навивачи. Оваа фудбалска награда има посебна вредност. Горд сум што бев тренер на една ваква група на фудбалери, без нив ништо немаше да биде возможно“, изјави Скалони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најстариот играч на Светското првенство: Крег Гордон од опасноста по живот до врвот на фудбалот

Во март оваа година, Крег Гордон патуваше во Лондон, каде што имаше закажан состанок со ле…