Дома Фудбал Фирмињо блиску до нов договор со Ливерпул

Фирмињо блиску до нов договор со Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо е блиску до потпишување нов договор со клубот.

Актуелниот договор на Бразилецот истекува на крајот на сезоната и се сметаше дека сигурно ќе си замине како слободен агент.

Клоп сака да го задржи по секоја цена бидејќи верува дека ќе му биде корисен на тимот, па успеал да го убеди Фирмињо да остане на „Енфилд“.

Англиските медиуми тврдат дека наскоро Фирмињо ќе стави потпис на нов договор до 2025 година.

Со доаѓањето на Нуњес ова лето минутажата на Фирмињо значително се намали, но сепак има важна улога во тимот.

Тој пристигна на „Енфилд“ во 2015 година и до сега има постигнато 107 гола  87 асистенции за „црвените“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хасукиќ ја реши Шкендија Арачиново, ВАР го потврди вториот удар на Силекс

Силекс славеше со 2:0 во Кратово со два погодока на Есмир Хасукиќ. Вториот гол беше призна…