Дома Фудбал Лига на шампиони Финале во Лигата на шампионите во – Њујорк!?

Финале во Лигата на шампионите во – Њујорк!?

final

Според последните информации Европската куќа на фудбалот размислува за интересен предлог кога во прашање е финалето во Лигата на шампионите.

Имено наскоро би можеле да гледаме едно финале во најелитното европско натпреварување надвор од Европа и тоа во – Њујорк!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак, тука веднаш се поставува прашањето како би реагирале навивачите кои би требало да патуваат во Њујорк, Мајами или пак Доха.

На оваа тема пишуваше и познатиот англиски весник „Њујорк тајмс“.

Оваа година во Киев се појави веќе вообичаениот проблем со цените за сместување и превоз кои драстично се зголемуваат за деновите кога финалниот натпревар треба да биде одигран.

Како што се наведува, УЕФА веќе започнала да превзема мерки и да ги отстранува градовите кои нема да бидат достојни да организираат едно финале во најелитното европско натпреварување.

Финале на Далечниот Исток или пак во САД би можело да биде проблем, но со оглед на тоа што во последно време прават хотелите во градовите домаќини и енормното зголемување на цените, Њујорк или пак Доха би претставувале можеби и подобра опција.

Сепак засега ова е само во рамките на идеја и е далеку од реализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…