Дома Фудбал Германија Финале во германскиот куп избори клуб кој се бори за опстанок во втората лига

Финале во германскиот куп избори клуб кој се бори за опстанок во втората лига

Фудбалерите од Кајзерслаутерн се првите финалисти на овосезонското издание на Купот на Германија.

Тие во полуфиналето го совладаа третолигашот Сарбрукен со 2:0 на гости. Стрелци за Кајзерслаутерн беа Ритер (53) и Туре (75).

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Екипата на Кајзерслаутерн, која сезонава се бори за останување во втората лига, ќе има прилика на 25 мај да освои трофеј, кога ќе има подобар противник од второто полуфинале во кое ќе се сретнат Баер Леверкузен и второлигашот Фортуна од Дизелдорф.

Кајзерслаутерн до сега два пати го освојуваше Купот на Германија, првиот пат во 1990 година, а вториот во 1996 година, додека последен пат во финалето играа во 2003 година, кога загубија од Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Само реми за Реал на дебито на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо дебитираше со реми против Ал Хилал на Светското клупско првенство. Младата над…