Дома Фудбал Финалето на кралскиот Куп ќе се игра во Севиља!

Финалето на кралскиот Куп ќе се игра во Севиља!

Стадионот на Бетис „Бенито Вилјамарин“ ќе биде домаќин на финалето од кралскиот Куп оваа сезона.

Ова денес и официјално го потврди Шпанската фудбалска федерација и откри дека Севиља ја добила трката со Валенсија.

Прв пат после многу години стана јасно каде ќе се игра финалето, пред да бидат познати финалиситите. Изминатите години двата клуба кои се пласираа во финалето го даваа своето мислење за изборот.

Финалето ќе се игра на 25-ти мај, а интересно е што двата клуба од тој град, Бетис и Севиља имаат добри шанси за пласман во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невремето го одложи дуелот Тенерифе – Андора: одреден нов термин

Најавените обилни врнежи ги затворија спортските објекти на Тенерифе. Натпреварот со Андор…