Дома Фудбал Финалето на ЕУРО ќе го суди најбогатиот судија

Финалето на ЕУРО ќе го суди најбогатиот судија

Холандскиот судија Бјорн Кујперс ќе суди на финалето на Европското првенство помеѓу Англија и Италија на Вембли.

Кујперс има 48 години, дипломирал економија, и важи за најбогатиот судија бидејќи неговото богатство се проценува на 13,4 милиони евра. Парите ги заработи со започнување на ланецот супермаркети Џамбо Кујперс, кој е спонзор на возачот на Формула 1, Макс Верстапен.

Љубовта кон судењето ја наследил од дедото Андрес ван Леувен, а  започна да суди на меѓународни натпревари во 2006 година.

За него ова ќе биде четврто големо финале после двете во Лигата на шампионите во 2014 и 2018 година и во Европската лига во 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…