Дома Фудбал Лига на шампиони Финалето во ЛШ во Лондон или Лисабон?

Финалето во ЛШ во Лондон или Лисабон?

Според последните информации УЕФА донела одлука да го премести финалето од Лигата на шампионите и тоа сигурно нема да се игра во Инстанбул.

Познатиот новинар Николо Шира објави дека УЕФА финалето ќе го пресели во Лондон или Лисабон. Конечната одлука би требало да биде објавена денес или најдоцна утре.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


ФА на Англија претходно започна преговори за преместување на финалето, а се споменуваше и „Вембли“ како можна опција. Наводно, УЕФА како компезација е спремна на Турција да и понуди организација на финалето во ЛШ во сезоната 2022/2023 кое е предвидено да се игра во Минхен.

Овогодинешното финале во најелитното европско натпреварување ќе се игра на 29. мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Навивачите на Реал му се потсмеваат на Гвардиола во Манчестер

Реал Мадрид успеа да го елиминира Манчестер Сити во осминафиналето на Лигата на шампионите…