Дома Македонски спорт Филип Талески ќе бара нов клуб, Белинген нема да му го продолжи договорот

Филип Талески ќе бара нов клуб, Белинген нема да му го продолжи договорот

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески ќе го промени клубот. Бундеслигашот Белинген објави дека договорот на македонскиот ракометар нема да биде продолжен.

Белинген поради кризата од коронавирусот е приморан да се ослободи од некои ракометари, а меѓу нив се најде и Талески.

„Сакаме да му се заблагодариме на Филип за посветеноста носејќи го дресот на Белинген. Неговиот договор истекува на 30. јуни и тој нема да биде продолжи“, објави директорот на клубот, Волфганг Штробел.

Сезонава беше прва за Талески во Белинген каде што дојде од Рајн-Некар Левен. За Белинген одигра 26 натпревари, постигна 43 голови и запишаа 26 асистенции.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Несторовски: Имав понуда од Црвена Звезда, но…

Македонскиот репрезентативец и член на Удинезе, Илија Несторовски за српските медиуми откр…