Дома Фудбал Италија Филипо Инзаги ќе води нов клуб

Филипо Инзаги ќе води нов клуб

Италијанската фудбалска легенда Филип Инзаги стана нов тренер на второлигашот Реџина со која потпиша договор на три години.

Поранешниот голгетер во тренерската кариера важи за мајстор за промоција на тимовите во елитата. Претходно такво нешто му успеваше со Венеција и Беневенто, сега се надева дека Реџина ќе биде третиот клуб кој ќе го врати во елитното друштво.

Во минатата сезона Реџина се бореше за опстанок во Серија Б и заврши над линијата за опстанок, меѓутоа во новиот шампионат влегува со поголема желба и амбиции да се врати помеѓу најдобрите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вакво нешто не сте слушнале досега: Португалец го одби Њукасл поради неверојатна причина

Њукасл разговараше со сите сили да го добие Жоао Палинја, португалскиот играч за врска. Пр…