Дома Видео Фер-плеј потег на годината: Играчот на Ренџерс го воодушеви фудбалскиот свет

Фер-плеј потег на годината: Играчот на Ренџерс го воодушеви фудбалскиот свет

Фудбалерите на Ренџерс се пласираа во осминафиналето на ЛЕ откако на домашен терен го победија Антверп со вкупни 9:5.

Ренџерс во одличен натпревар вечерва на свој терен славеше со 5:2 и заслужено се пласираше во следната фаза на ова натпреварување.

Сепак, натпреварот го одбележе напаѓачот на домашниот тим Алфредо Морелос. Тој вечерва постигна погодок и запиша асистенција, но сите зборуваат за неговиот фер-плеј потег од првото полувреме.

Имено, Ренџерс имаше контра и изгледна шанса за погодок, но Моралес застана и ја исфрли топката надвор од теренот откако еден од играчите на Антверп се пожали на повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Тихомир Костадинов асистент во важната победа на Ружомберок 🎥

Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадионов денес беше асистент во победата на Руж…