Дома Фудбал Англија Фернандез: Едвај чекам да излезам пред навивачите

Фернандез: Едвај чекам да излезам пред навивачите

Челзи официјално го претстави Енцо Фернандез, кој за 121 милион евра пристигна од Бефика.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот така стана најскапото засилување во историјата на Премиер лигата и не ја криеше среќата што дојде во лондонскиот клуб.

„Благодарен сум му на Челзи кој направи се за да ме вклучи во овој проект. Среќен сум што ќе бидам дел од гордоста на Лондон и ќе играм во најдобрата лига во светот. Едвај чекам да излезам пред навивачите“, кажа Енцо.

Аргентинецот на „Стенфорд Бриџ“ ќе го добие дресот со број пет, но за натпреварите од Лигата на шампиони ќе мора да избере друг број, бидејќи „петката“ веќе ја носеше Жоржињо оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флик ги израдува навивачите на Барселона, им го кажа тоа што сакаат да го слушнат

Со победата над Реал Мадрид, Барселона ја обезбеди титулата првак на Шпанија, но тимот на …