Дома Топ вести Фердинанд порачува: Јунајтед по секоја цена да ги купи Кејн и Санчо

Фердинанд порачува: Јунајтед по секоја цена да ги купи Кејн и Санчо

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд апелира раководството на клубот од „Олд Трафорд“ да се обиде ова лето да ги ангажира Хари Кејн и Џејдон Санчо.

Фердинанд смета дека за да се вратат на победничките патеки на „црвените ѓаволи“ им се потребни двајцата англиски репрезентативци.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кејн отсекогаш бил скромен човек. Тој очекуваше да се остварат неговите соништа во Тотенхем, но тоа никогаш не се случи. Сега е вознемирен. Мислите ли дека Хари ќе биде среќен ако продолжи да постигнува голови, да собори рекорди, но на крајот да не земе ниту еден трофеј во неговата клупска кариера? Според мое мислење, Кејн даде јасна изјава дека сака да освојува титули, а тоа е аларм за сите други“, истакна Фердинанд.

„На денешниот пазар, можам да кажам дека ќе чини околу 130 милиони фунти. Манчестер Јунајтед дефинитивно е способен да го купи. Исто така, гласините го поврзуваат Џејдон Санчо со различни тимови: Челзи, ПСЖ и така натаму. Според мој пристрасен поглед, Манчестер Јунајтед е совршено место за овој човек. Ако дојде во Манчестер и го земе број 7, тогаш тој ќе игра за „црвените ѓаволи“ 10 години. Има голем потенцијал. Манчестер Јунајтед по секоја цена мора да ги потпише Санчо и Кејн“, апелира Фердинанд.

Сепак, на Јунајтед воопшто нема да му биде лесно да ги договори овие два трансфери кои ќе чинат околу 300 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…