Дома Фудбал Англија Фердинанд откри тајна на Ван Нистерлој – бил опседнат со Анри!

Фердинанд откри тајна на Ван Нистерлој – бил опседнат со Анри!

Големото ривалство помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал трае со децении.

Островскиот фудбал секоја сезона ни нуди повеќе дерби средни, но оние помеѓу Јунајтед и Арсенал се посебна приказна. Така барем беше во минатото кога двата тима беа во врвот на англискиот фудбал и ги имаа најголемите мајстори во своите редови.

Рио Фердинад кој важи за еден од најдобрите стопери во историјата на фудбалот раскажа интересна анегдота поврзана со неговиот поранешен соиграч Руд Ван Нистерлој.

„На големите играчи им треба големо ривалство. Тие мораат да се споредуваат. Руд Ван Нистерлој после натпреварот одеше во соблекувалната и дури и кога се боревме за титулата него го интересираше што направил Анри. Еднаш победивме со 3:1 или 4:1, а тој постигна еден гол. Меѓутоа додека ги следевме резултатите на телевизија беше вознемирен. Го прашавме што се случува и тогаш дознавме дека Анри дал два гола, еден повеќе од него. Беше разочаран. Мислев дека е луд…Победивме, тој даде гол, но беше резочаран. Беше опседнат со тоа да биде подобар од Анри“, откри Ферфинанд.

Ван Нистерлој за Манчестер Јунајтед играше од 2001 до 2006 година и со овој клуб ја освои Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот и Комјунити Шилд, а во сезоната 2002/2003 беше најдобар стрелец и играч во Премиер лигата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Томас Милер блиску до нов договор

Томас Милер е блиску до договор со Баерн Минхен за продолжување на соработката, пренесуваа…