Дома Фудбал Останато Фергусон признава: Бев шокиран кога Тоти не одби

Фергусон признава: Бев шокиран кога Тоти не одби

Сер Алекс Фергусон за многумина е еден од најдобрите тренери на сите времиња бидејќи со многу успех го водеше Манчестер Јунајтед.

Фергусон повеќе од 20 години помина на клупата на Манчестер Јунајтед и успеа да освои се што може да се освои. Летото 2013 година одлучи да оди во пензиај и тогаш започна падот на „црвените ѓаволи“.
Во текот времето поминато во клубот Фергусон имаше бројни одлични потези, но знаеше и да погреши, а од некои фудбалери добил и „корпа“. Еден од оние кои сакал, а не успеал да го доведе на „Олд Трафорд“ е Франческо Тоти.

„Ми се допаѓаше како фудбалер и посакав да го имам во тимот. Тој интерес го покажавме со официјална понуда до Рома и Тоти. Сепак тој веднаш во старт ни даде до знаење дека не сака да ја напушти Рома и дека од таков трансфер нема да има ништо. Неверојатно е колку беше врзан за својот град и клуб. Неговата цел беше јасна, цела кариера да ја помине во дресот на Рома. Бев шокиран кога не одби мислев без проблем ќе го доведеме. Сепак, подоцна сфатив колку ја сака Рома и Рим“, изјави Фергусон.

До крајот на кариерата Тоти одигра 785 натпревари за Рома, постигна 307 голови и запиша 184 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Панче Ќумбев со анализа и предлози за последните дуели од Група А

Група А: Италија – Велс ( време: 18:00 ч. ) Најдобриот фудбал до сега на шампионатот го пр…