Дома Фудбал Англија Ферги се разбуди од кома, а се сеќавате ли што беше главна вест пред 5 години на денешен ден?

Ферги се разбуди од кома, а се сеќавате ли што беше главна вест пред 5 години на денешен ден?

Сер Алекс Фергусон полека се опоравува и денес главна вест во сите островски медиуми е дека легендарниот Ферги се разбудил од кома.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Како што веќе пишувавме Ферги е во подобра здравствена состојба и веќе разговара со членовите на неговото семејство.

Педантните англичани успеаа да дојдат до навистина интересен податок за денот на кој Ферги се разбуди од кома – на денот на кој пред пет години објави дека го напушта Манчестер Јунајтед.

На 8 мај 2013 година Фергусон објави дека го напушта Манчестер Јунајтед после цели 26 години поминати во овој клуб.

Треба да се истакне дека целиот фудбалски свет се молеше за закрепнување на легендарниот тренер, кое за жал нема да биде така лесно со оглед на неговите години (76).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ги казни Валверде и Чуамени со највисоката казна во историјата на клубот!

Реал Мадрид денеска донесе одлука за да се реши инцидентот во кој беа вклучени првотимците…