Дома Кошарка Феникс со луд пресврт славеше над Клиперс! 🎥

Феникс со луд пресврт славеше над Клиперс! 🎥

Кошаркарите на Феникс изминатата вечер го направија еден од најголемите пресврти сезонава и успеаа да се вратат по 21 поен негатива во дуелот со Лос Анџелес КЛиперс (125:119).

Домашниот тим одлично го започна натпреварот и со подобра игра на почетокот на третиот период дојдоа до предност од 77:56. Во тие моменти започна пресвртот на Феникс.

Прво ја добија таа четвртина со 33:12 и успеаа да израмнат на 91:91, а во последните 12 минути ја преземаа контролата и успеаа да слават.

На паркетот блескаше Девин Букер со 40 поени и го засени Џејмс Харден кој оствари трипл-дабл од 25 поени, 13 асистенции и 10 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:
Мемфис – Милвоки 122-99
Далас – Хјустон 102-108
Јута – Сан Антонио 88-106
ЛА Клиперс – Феникс 119-125

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Реал го врати Ендиаје, за Паркер се отвора врата кон Хувентуд?

Повредите го натераа Реал да ја прекине позајмицата на Ели Ендиаје, а промената во Хувенту…