Дома Фудбал Останато Фелипе Мело открива: Имав договор со Реал, се откажаа од мене кога го нагазив Робен на СП (ВИДЕО)

Фелипе Мело открива: Имав договор со Реал, се откажаа од мене кога го нагазив Робен на СП (ВИДЕО)

Бразилскиот фудбалер Фелипе Мело призна дека во 2010 година имал договор со Реал Мадрид.

Денес 37 годишниот Мело во тој период го носеше дресот на Јувентус, а пред Светското првенство во Јужна Африка имал договор со „кралевите“.

Сепак, Реал се откажал од тој трансфер кога Мело го нагазил Робен во натпреварот против Холандија.

„Се беше договорено, но тоа што се случи со Робен уништи се. Останав во Јувентус, а потоа отидов во Галатасарај. Таму станав најдобриот Бразилец во турскиот фудбал и освојував трофеи. Тоа е незаборавно. Можеби со Реал ќе испишев историја, но немаше да бидам обожаван како во Галатасарај“, изјави Мело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…