Дома Фудбал Останато Фелипе Мело објасни зошто збеснал: Идиоти пишуваа дека јас сум виновен

Фелипе Мело објасни зошто збеснал: Идиоти пишуваа дека јас сум виновен

Maнчестер Сити вчера го победи Флуминенсе со 4:0 и ја освои титулата на Светското клупско првенство.

Сепак, сенка на финалето фрли инцидентот во кој Фелипе Мело тргна да се пресметува со Џек Грилиш и Кајл Вокер. Поранешниот бразилски репрезентативец низ кариерата стана познат по темпераментното однесување, а сега ја кажа својата страна на приказната.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„На социјалните мрежи видов идиоти кои пишуваа дека ја сум започнал. Ќе бидам јасен, Грилиш не ја почитуваше историјата на Флуминенсе, никогаш нема да дозволам некој да се однесува на таков начин. Извикуваше „оле“ и затоа се случи тоа што се случи.

Јас сум воин, таков сум цел живот. Ривалот секогаш морате да почитувате без разлика дали победувате или губите. Кога ја освоивме Копа Либертадорес, како и по победата против Бока Јуниорс јас покажував почит кон противниците“, објасни Мело.

Низ кариерата која ја започна во 2001 година Мело играше уште за: Фламенго, Крузеиро, Гремио, Мајорка, Расинг, Алмерија, Фиорентина, Јувентус, Галатасарај, Интер и Палмеирас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…