Дома Останати Федерер незадржлив – 3 од 3 во Лондон

Федерер незадржлив – 3 од 3 во Лондон

Роџер Федерер ја оствари и третата победа на завршниот Мастерс што се одржува во Лондон, откако го победи Чилиќ со 2:1 во сетови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Швајцарецот со пресврт дојде до третата победа откако го загуби првиот сет. Хрватот го освои првиот сет со тај-брејк 7-5, додека Федерер изедначи во вториот сет, кој исто така се играше рамноправо до десетиот гем и го доби со 6-4.

Во третиот, решавачки сет Швајцарецот со 6-1 беше подобар за конечни 2-1, иако од претходно имаше обезбедено пласман во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…