Дома Фудбал Англија ФА не му прогледа низ прсти: Казна на Островот за Гвардиола

ФА не му прогледа низ прсти: Казна на Островот за Гвардиола

На тренерот на Манчестер Сити му е изреќена парична казна поради спорниот симбол.

Жолтата лента која на својата облека ја носеше Пеп Гвардиола, во знак на поддршка на уапсените каталонски политичари, е политичка порака, заклучи Фудбалската асоцијација на Англија.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Политичките симболи и пораки не се дозволени на стадионите во Англија, па ФА му изрече парична санкција на Каталонецот поради жолтата летна во износ од 20.000 фунти.

Гвардиола нешто порано истакна дека лентата не е политичка порака, туку едноставно акт на поддршка за притворените Каталонци, но го прифати фактот дека носењето на истата е против правилата на ФА.

Сепак, Гвардила, кој инаку е роден Каталонец не се извини поради носењето на лентата, но порача дека тоа повеќе нема да го прави за време на натпреварите и дека ќе се придржува, но не и да го почитува правилото кое досега се кршело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мареска задоволен од Санчо: Токму тоа ни требаше

Џејдон Санчо во последниот ден од преодниот рок го напушти Манчестер Јунајтед и кариерата …