Манчестер Јунајтед денес беше казнет со 20.000 фунти за однесувањето на „црвените ѓаволи“ за време на дербито со Ливерпул минатата недела на „Енфилд“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
ФА покрена обвинение против Манчестер Јунајтед за насилно протестирање против судијата Крег Поусон, откако го опколија и вербално го нападнаа во 26-та минута од натпреварот.
Таквата реакција на фудбалерите беше предизвикана од фактот дека судијата не досуди фаул над Давид де Геа во шеснаесетникот, а последователно реализира и Роберто Фирмино. Сепак, голот беше поништен по прегледот на ситуацијата со ВАР.