Дома Топ вести Фантастични вести за Атлетико – Познато кога Диего Коста пристигнува во Мадрид!

Фантастични вести за Атлетико – Познато кога Диего Коста пристигнува во Мадрид!

Oдлични вести за навивачите на Атлетико Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесува шпанскиот медиум „Cadena COP“, Диего Коста наскоро ќе стане нов фудбалер на Атлетико Мадрид.

Познато е дека „јорганџиите“ пред неколку дена ја испратија последната понуда за напаѓачот на Челзи. Според споменатиот медиум, „сините“ ја прифатиле понудата и Коста наскоро ќе биде прогласен за фудбалер на Атлетико Мадрид. Сумата која што веројатно ќе ја добие Челзи за овој трансфер изнесува 65 милиони евра.

Коста би можел веќе во сабота да пристигне во Мадрид каде што ќе потпише договор со Атлетико и ќе го чека јануари за настап во Примера. Коста во Лондон е во немилост на тренерот Антонио Конте кој ова лето го доведе Алваро Мората.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…