Дома Фудбал Фановите на Бодо во Рим пристигнаа со маски од нивниот тренер 📸

Фановите на Бодо во Рим пристигнаа со маски од нивниот тренер 📸

Тренерот на Бодо/Глимт Кјетил Кнутсен е суспендиран и нема да го води овој тим денес на „Олимпико“ против Рома, а фановите смислија како да му дадат поддршка на својот стратег.

Стратегот на Бодо доби суспензија по завршувањето на мечот во Норвешка исто како и тренерот на голманите, Нуно Сантош.  Тој е омилен помеѓу навивачите поради успесите кои ги донесе во последните години, а во Рим норвешкиот тим ќе брани предност од 2:1 од првиот натпревар.

Вечерва се очекува од околу 1.500 фанови да пристигнат на „Олимпико“, а скоро сите ќе имаат на себе маска со ликот на Кнутсен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тага во хрватскиот фудбал: Почина 23-годишниот Ковачевиќ, ден претходно беше на терен

Ариан Ковачевиќ настапи во победата на Раднички од 4:0 против Белје, а следниот ден клубот…