Дома Фудбал Останато Фалкао: Кловнови! Луѓе умираат, а вие жонглирате со тоалетна хартија!

Фалкао: Кловнови! Луѓе умираат, а вие жонглирате со тоалетна хартија!

Легендарниот футсал играч, Фалкао преку социјалните мрежи порача дека нема да го прифати предизвикот – да жонглира со тоалетна хартија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој предизвик стана вирален на интернет и многу фудбалски ѕвезди го прифатија, а Фалкао остро ги искритикува сите.

„Ситуацијата со коронавирусот е исклучутелно тешка. Затоа е важно да се нагласи дека постојат разни други, многу посериозни, начини да се подигне општата свест. Важно е да се задржи фокусот на опасностите од овој вирус и начините како да се спречи истиот, а не да се шират бесмислици како ова со жонглирањето со тоалетна хартија“.

„Всушност, оние кои тоа го прават, како некои кловнови шутираат артикал важен за одржување хигиена, а кој го нема доволно и луѓе се тепаат за него“, истакна Фалкао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Херојот Возиња добил две неочекувани понуди за продолжување на кариерата!

Фудбалот често нè изненадува со своите неверојатни приказни, а еден таков пример е Возиња,…