Дома Фудбал Англија Фабрегас: Челзи ќе има проблеми да го задржи Азар!

Фабрегас: Челзи ќе има проблеми да го задржи Азар!

Цеск Фабрегас изјави дека Челзи може да има проблеми да ја задржи првата ѕвезда Еден Азар во своите редови следното лето, ако не постигнат согласност за нов договор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Челзи е спремен да го направи Азар најскапиот фудбалер во историјата на клубот, за да го убедат да остане на „Стенфорд Бриџ“.

„Одлуката да не го продадат ова лето беше лесна, бидејќи нема многу клубови кои можат да платат огромна сума за Азар. Тој има договор на уште две години, но следното лето кога ќе влезе во последната година од договорот ќе биде поинаква ситуацијата“, смета Фабрегас.

„Тогаш клубот нема да има толку големо влијание. Азар е еден од најдобрите фудбалери во светот. Со две години од договорот ако знаеме какви се цените денес, беше практично невозможно некој да го купи. Но, следното лето на клубот ќе му биде многу тешко да го задржи“, заклучи Шпанецот.

Англиските медиуми тврдат дека Челзи прави се што е можно поскоро да постигне согласност за продолжување на соработката со Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…