Дома Фудбал Фабрегас: Разочаран сум од Гвардиола

Фабрегас: Разочаран сум од Гвардиола

Поранешниот плејмејкер на Барселона, Цеск Фабрегас изјави дека е исклучително разочаран од Пеп Гвардиола.

Двајцата работеа заедно на „Камп Ноу“ во 2011 и 2012 година, а потоа каталонскиот стратег ја напушти Барселона.

„Со Пеп никогаш не сме разговарале во последните 8 години. Многу сум разочаран од него, не знам дали тоа е обострано. Се случи нешто за кое што не сакам да зборувам. Пеп ми беше идол од детството, научив многу од него, но се разочарав“, изјави Фабрегас.

Шпанскиот плејмејкер после Барселона се пресели во Челзи, а моментално е член на Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три англиски гиганти го следат Колинс, Франкфурт бара околу 35 милиони евра

Манчестер јунајтед, Ливерпул и Челси испраќале скаути за 22-годишниот дефанзивец на Ајнтра…