Дома Фудбал Англија Уште една легенда замина во пензија!

Уште една легенда замина во пензија!

Бившиот фудбалер на Арсенал и репрезентативец на Чешка, Томас Росицки одлучи да ја заврши фудбалската кариера!

Росицки поради големиот број на повреди одигра само три меча за Спарта Прага во изминатите две сезони, а сега одлучи да го закачи „копачките на клин“ и да престане со активно играње фудбал на 37 години.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


„После долго размислување одлучив да ја завршам професионалната кариера“, изјави Росицки.

Росицки е еден од најдобрите чешки фудбалери на сите времиња, кариерата ја започна во Спарта, а со голем успех играше и за Борусија Дортмунд и Арсенал.

Цела деценија помина меѓу „топџиите“ од 2006 до 2016 година и остави длабока трага, иако повредите го спречија да го покаже целиот свој потенцијал.

За репрезентацијата на Чешка одигра 105 натпревари на кои постигна 23 гола!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пикси за Тадиќ: Уф, не е добро ако го кажал тоа. Ух, тоа воопшто не е добро

Англија ја победи Србија со 1:0 во натпреварот од првото коло од групата Ц на Европското п…