Дома Фудбал Италија Уште еден „Роналдо“ го изненади Јувентус (ВИДЕОА)

Уште еден „Роналдо“ го изненади Јувентус (ВИДЕОА)

Фудбалерите на Кротоне и Јувентус во овие моменти го одигруваат мечот од 33. коло во Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мечот е важен за обете екипи. Кротоне грчевито се бори за опстанок и секој бод му е важен, додека Јувентус ја напаѓа новата титула и не смее да си дозволи кикс на вакво гостување.

„Старата дама“ поведе по само 17 минути, а стрелецот по асистенцијата на Даглас Коста беше Алекс Сандро. Сепак, Кротоне стигна до израмнување во 65. минута кога гол постигна Сими.

Вистина, фудбалерот на Кротоне нне погоди ваш атрактивно како неодамна Кристијано Роналдо против Јувентус, но останува фактот дека „Старата дама“ прими два погодоци со ножички во две недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На денешен ден пред 27 години беше одиграно најшокантното финале во Лигата на шампионите (Видео)

Стадионот Камп Ноу во Барселона е местото каде што се одржале некои од најзначајните натпр…