Во овој период во Еурофарм Пелистер се работи на продолжување на договорите, па така откако договорот го продолжи Ненад Костески следен беше Цветан Кузманоски.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Новиот договор на Кузманоски како и на Костески има важност до 2025 година.




„Ова е остварување на уште една зацртана цел на клубот, па веруваме дека довербата во репрезентативен калибар како Кузманоски е важен чекор за растот на клубот“, соопштија од битолскиот клуб.




22-годишниот стружанец ја игра третата сезона во Битола, откако дојде од матичната Струга. Од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер, откако претходно се наметна во Еурофарм Пелистер 2.




„Ова е моја трета сезона во Битола. Задоволен сум, се навикнав на оваа средина. Голем напредок во кариерата ми е што се префрлив во првиот тим, стигнав и во репрезентација и се надевам дека оваа сезона ќе ја оствариме нашата цел, да ги донесеме титулите во Битола“, изјави Кузманоски.