Нов клуб се поврзува со македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После Бетис, Реал Сосиедад и италијанските Милан и Торино во трката за Енис Барди влегува и Селта Виго пренесуваат шпанските медиуми.
Селта ќе се обиде да го искористи тоа што договоорт на Барди истекува за шест месеци, тие го сакаат Барди уште сега во овој преоден рок. Според шпекулациите од Шпанија, Леванте за услугите на Барди бара девет милиони евра.
Ќе потсетиме, претходно се појавија и информации дека Барди веќе разговарал со управата на Леванте и побарал да биде продаден до крајот на овој месец.