Ирскиот борец Конор Мекгрегор кој беше поразен во неделата од Кабиб Нурмагомедов во борбата за титулата во лесна категорија е суспендиран од страна УФЦ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мекгрегор го предаде мечот откако беше „загушен“ од Кабиб на крајот од четвртата рунда. По завршувањето на борбата се случија голем број скандали и сега се чека да се огласи УФЦ.
УФЦ денес тоа и го направи, но не за случајот на Кабиб, туку објавија дека Мекгрегор е суспендиран на еден месец. Медицинскиот тим на УФЦ го прегледал Конор после борбата и поради повредите кој му ги нанел Кабиб одлучија да му забарант било какви борби во наредниот месец.
Американските медиуми пренесуваат и дека комисијата во Невада поради случувањата на оваа борба може и дополнително да го казни Ирецот.