Дома Фудбал Англија Условите за навивачите на стадионите во Премиер лигата ќе бидат бизарни

Условите за навивачите на стадионите во Премиер лигата ќе бидат бизарни

Вчера се донесе одлука во Премиер лигата да се вратат фановите во одреден број на трибините.

Нормално, првите реакции беа воодушевувања. Сепак, сега откако се дозна под какви услови следуваше разочарување.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Имено, условите може да се каже дека дури се и бизарни за еден фудбалски натпревар. Освен што ќе мора да се носат маски и да се држи дистанца, навивачите нема да смеат да пеат и да скандираат било какви слогани, а ниту да истакнуваат пароли. Забрането ќе биде и конзумирање на алкохол во близина на стадионите.

Правилата се буквално напишани така што им се кажува на навивачите да бидат тивки за да при скандирање да не ослободат поголем број честици во воздухот што не би било добро ако се заразени.

Ќе потсетиме максималната бројка на фанови кои ќе можат да присуствуваат на еден натпревар ќе биде 4000.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн Минхен купи уште еден стадион

Баерн Минхен купи нов стадион за околу 7.5 милиони евра. Овој потег на баварскиот гигант б…