Дома Фудбал Урнебесно: Куче го прекина натпреварот, голманот само му ја даде топката, а потоа следуваше шоу

Урнебесно: Куче го прекина натпреварот, голманот само му ја даде топката, а потоа следуваше шоу

Главно, натпреварите ги прекинуваат некои неодговорни навивачи, но сега тоа го направи најдобриот пријател на човекот – кучето!

Имено, натпреварот од втората лига на Мексико мораше да прекине на неколку минути, а екипите на Оахака и Дорадос го следеа шоуто на слатко животинче кое исто така сакаше да игра.

Голманот само ја пушти топката, а кучето продолжи да прави шоу и покрај тоа што неколку обезбедувачи се обидуваа да го фатат.

На крајот, домашните на социјалните мрежи објавија дека имаат нов пријател и дека животното не е повредено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар платил казна на УЕФА од 250.000 евра

Од редовите на Вардар соопштија дека ја подмириле казната од 250.000 евра изречена од УЕФА…