Манчестер Сити оваа сезона натпреварувањето во Лигата на шампионите го заврши во четвртфиналето после поразот од Лион со 1:3.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
При резултат 1:2 за Лион Рахим Стерлинг имаше огромна прилика да изедначи, но англискиот офанзивец од само неколку метри не успеа да ја погоди празната мрежа.
Место во мрежата Стерлинг топката ја испрати над голот. Од ова негово промашување сите беа изненадени.
Промашувањето на Стерлинг го шокираше и Џејми Карагер, легендарниот фудбалер беше ангажиран како стручен коментатор. Навистина е тешко да се пронајдат вистински зборови за изразот на лицето на поранешниот дефанзивец, а истото може да се каже и за Мика Ричардс кој во еден момент почна да слави, но брзо „занеме“.
Jamie Carragher's & Micah Richards' reaction on that Sterling miss.. ?
— Football Tekkers (@BallTekkers) August 15, 2020
? @UCLonCBSSports pic.twitter.com/a0WhRa8uEM