Дома Фудбал Репрезентации Унгарците ја отворија „Пушкаш Арената“ за која потрошија 600 милиони евра (ФОТО)

Унгарците ја отворија „Пушкаш Арената“ за која потрошија 600 милиони евра (ФОТО)

Унгарците вчера го отворија нинвиот најска објект „Пушкаш Арената“ во која беа вложени 600 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Идното лето на овој стадион ќе се играат натпревари од Европското првенство, а ние се надеваме дека би можела да заигра и нашата репрезентација. Унгарија „Пушкаш“ арената ја отвори во натпреварот против Уругвај. Уругвајците го добија натпреварот со головите на Едисон Кавани и Бриан Родригез.

Сепак, во фокусот на вниманието беше оваа арена која е изградена на местото на стадионот „Неп“ кој беше изграден во 1953 година. Капацитетот на „Пушкаш Арената“ изнесува 68.000 гледачи и за него Унгарија потроши 600 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лампард ја доби наградата за успехот со Ковентри!

Тренерот на фудбалерите на Ковентри, Френк Лампард (48), потпиша нов договор, со кој се вр…