Дома Трансфер зона Умтити одбива да си замине од Барса

Умтити одбива да си замине од Барса

Централниот дефанзивец на Барселона, Самуел Умтити не сака да го напушти „Камп Ноу“ и покрај желбата на раководството да го продаде.

Францускиот дефанзивец има договор со Барселона до 2023 година и инсистира на тоа да го одработи до крај. Од „Камп Ноу“ имаат намера да се разделат со Умтити, кој последните години често е надвор од тимот поради повреди.

Тој многу често е измачуван од болка во коленото, што предизвика долги периоди на закрепнување. Светскиот шампион со Франција упорно одбива да биде подложен на операција, па му се предвидува нова долга пауза.

Каталонскиот клуб ќе се обиде да изврши притисок врз нивниот играч и да му објасни дека не е во плановите за новата сезона.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Короната спречила спектакуларен трансфер на Роналдо ова лето?

Кристиано Роналдо пред две години одлучи да го напушти Реал Мадрид и да потпише за Јувенту…