Дома Фудбал Репрезентации Украинскиот селектор бесен: Ни украдоа чист пенал!

Украинскиот селектор бесен: Ни украдоа чист пенал!

Украина и Италија одиграа реми кое и им одговараше на Италијанците за пласман на Европското првенство.

Но, во Украина се бесни бидејќи сметаат дека во 93. минута биле оштетени за чист пенал. Ќе потсетиме, ако Украина победеше тие ќе беа селекцијата што ќе се пласираше на ЕП од нашата група на местото на Италијанците.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Без никакви дилеми тоа беше чист пенал. Но што ни вреди ВАР кога во ваква очигледна ситуација судијата не беше ниту да провери“, изјави италијанскиот селектор Сергеј Ребров.

На табелата Англија заврши прва со 20 бода, додека Италија и Украина имаа по 14 бода, но „Аѕурите“ поради подобриот меѓусебен дуел се второпласирани. Македонија е зад нив со осум бода, последна остана Малта без бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…