Дома Фудбал Англија Уживање е да се гледаат натпреварите на Лидс во ПЛ сезонава! ?

Уживање е да се гледаат натпреварите на Лидс во ПЛ сезонава! ?

Oдличен натпревар денес во Премиер лигата одиграа Лидс и Фулам во рамките од второто коло.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Лидс го победи Фулам со 4:3. Уште во петтата минута Лидс дојде до водство од 1:0, а стрелец беше Коста. Митровиќ од белата точка донесе изедначување за Фулам во 34. Минута. До крајот на полувремето видовме и уште еден гол, а го постигна Кич исто така од белата точка. Така домаќинот со предност замина на одмор.

Во второто полувреме веќе до 57. минута Лидс водеше со 4:1. Прво во 50 минута гол постигна Бамфорд за потоа Коста да го постигне вториот гол. Меѓутоа само 10 минути подоцна на семафорот стоеше 4:3. Погодуваа Рид и Митровиќ уште еднаш.

Фулам сепак до крајот немаше сила да стигне до бод или нешто повеќе.

Македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски одигра 20-тина минути откако во игра влезе во 70. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе постигна 85 голови за Реал. Слушајте како реагираше Бернабеу кога влезе на теренот

Реал оствари победа над Овиедо со 2:0 во 36-то коло од Ла Лига на домашен терен, благодаре…