Репрезентативецот на Панама, Жилберто Хернандез (26) е убиен во пукотници кои во текот на вчерашниот ден се случиле во провинцијата Колон во Панама.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што пренесуваат медиумите двајцата напаѓачи излегле од такси и почнале да пукаат во група луѓе каде што бил и дефанзивецот на Атлетико Индепендиенте. Осум лица беа ранети, а Хернандез за жал им подлегна на повредите.
Хернандез има 26 години и за репрезентацијата на Панама дебитираше во март оваа година против Гватемала. Нешто подоцна имаше прилика да заигра и против актуелниот светски шампион, Аргентина и Лионел Меси.