Дома Фудбал Ужас во Англија: Бивш фудбалер на Ливерпул избоден со нож

Ужас во Англија: Бивш фудбалер на Ливерпул избоден со нож

Англиските медиуми објавија дека играчот на Дерби, Андре Виздом, бил избоден со нож на улица во Ливерпул.

Виздом играше за Дерби во саботата, по што бил на посета на негов роднина во квартот Токстет и при одењето кон неговиот автомобил бил нападнат со нож и сега е во болницата во Ливерпул.

„Полицијата на Мерсисајд го истражува нападот, а клубот прави се да биде покрај Андре и неговото семејство. Поради тоа што на семејството во моментов најпотребен му е мирот, не треба да се очекуваат соопштенија за јавност, исклучок се само оние од полицијата и докторите“, стои во соопштението од Дерби.

Андре Виздом покрај за Ливерпул и Дерби играше уште и за Норвич и Салцбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчо бара три милиони евра: Хетафе отпадна, саудиска понуда е во игра

Џејдон Санчо не ја прифатил понудата на Хетафе, а клуб од Саудиска Арабија е подготвен да …